Германија потврди: Навални е отруен со воен нервен отров

Во таа категорија припаѓа и отровот кој во 21018 година во Велика Британија е отруен поранешен рускимшпион Сергеј Скрипаљ.

876

Германската воена лабораторија ги потврди сомневањата дека Алексеј Навални е отруен со воен нервен отров од групата новичок.

Во таа категорија припаѓа и отровот кој во 21018 година во Велика Британија е отруен поранешен рускимшпион Сергеј Скрипаљ.






– Со дозвола на универзитетската болница Чарите, посебната лабораторија на Сојузната војска спроведе тестирање на примероци од Алексеј Навални. Надвор од секое сомневање е утврдено присуство на воен отров од групата новичок.. Навални на 22 август со симптоми на труење донесен е од Русија во Берлин на лечење, соопшти германската влада.

Германската канцеларка Ангела Меркел, министерот за финансии Олаф Шолц, министерот за надворешни раборти Хеико Маас, министерот за внатрешни работи Хорст Сихофер, министерката за правда Кристине Ламбрехт, министерката за одбрана Анегрет Крамп-Каренбауер и шефот на канцеларијата на Хелге Браун трово за тоа разговарале и ги договориле следните чекори, се наведува во соопштението.

– Госпоѓата Навални и лекарите се информирани за резултатите од тестирањето, а за тоа ќе биде брифиран и рускиот амбасадор во Берлин. Се наведува и дека за сѐ ќе бидат информирани и партнерите во ЕУ и НАТО и дека со нив ќе бидат договорени дополнителните чекори. Ќе биде информирана и организацијата за забрана на хемиско оружје, како и сите фракции во Бундестагот, се вели во соопштението.

Поврзани содржини