ГЕРМАНИЈА НЕМА ДА Ѝ ДАДЕ „ТАУРУС“ НА УКРАИНА Киев веќе добива ракети со долг дострел од Франција, Велика Британија и од САД

Германскиот министер за одбрана, Борис Писториус, кој престојува во Киев, соопшти дека германската поддршка за Украина оваа година изнесува 7 милијарди евра. Дополнително, тој откри дека се чека одобрение од парламентот за уште 1,9 милијарди евра.

1,112

Германија во моментот не размислува за испорака на проектили со долг дострел „Таурус“ во Украина, кои можат да погодат цели на оддалеченост до 500 километри, изјави германскиот министер за одбрана Борис Писториус на средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Украина веќе добива ракети со долг дострел од Франција, Велика Британија и од САД.






Писториус, кој е во посета на Киев, изјави и дека германската помош за Украина годинава достигнала до 7 милијарди евра. Тој најави дека 1,9 милијарди евра чекаат одобрение од Парламентот.

Писториус, кој од почетокот на војната петти пат е во посета на Украина, денеска се сретна и со украинскиот колега Рустем Умеров.

ДАЛИ ГЕРМАНИЈА СТОИ ЗАД НАЈОПАСНАТА ОДЛУКА ВО ЕВРОПА? Зеленски го држи Мерц за збор за ракетите „Таурус“

Поврзани содржини