Германија ги затвора границите кон Австрија и Чешка поради мутираните соеви

Од овие области, забранет е влез во Германија, со исклучок на германски државјани и странци со постојан престој во Германија.

749

Германија во недела ќе ги затвори своите граници со Австрија и Чешка поради опасност од ширење на мутираните соеви на вирусот ковид-19, соопшти денеска германското Министерство за внатрешни работи.

– Германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зехофер одлучи да воведе привремени контроли на граничните премини кон Чешка, покрај граничните контроли кон Австрија, кои постојат од бегалската криза – соопшти Министерството.






Целта на овие мерки е да се спречи ширењето на мутираните видови на вирусот во Германија.

Од овие области, забранет е влез во Германија, со исклучок на германски државјани и странци со постојан престој во Германија.

Претходно, Зехофер побара од федералната влада пограничните области во Чешката Република и областите на австриската провинција Тирол да ги прогласи за области со мутирани видови на ковид-19, така што, како во случајот со Велика Британија, Јужна Африка и Бразил, да биде воведена забраната за влез во земјата.

Владата во Прага објави дека од петок ќе ги изолира пограничните области околу градовите Хеб, Соколов и Трутнов.

На почетокот на оваа недела, австриската влада го прогласи Тирол за област во која не се препорачува патување.

Политичарите во Баварија веќе неколку дена критикуваат за ублажување на мерките што се во сила во Австрија од понеделникот, стравувајќи дека тоа може негативно да влијае на позитивниот епидемиолошки развој на ситуацијата во Баварија.

Федералните и провинциските власти во средата ги продолжија строгите мерки на затворање во Германија до 7 март.

Поврзани содржини