ГЕРМАНИЈА ГИ МЕНУВА ЗАКОНИТЕ ЗА ДА РЕГРУТИРА ШТО ПОВЕЌЕ ВОЈНИЦИ Воведува делумно задолжителен воен рок

Сите полнолетни ќе мора да поминат здравствени прегледи и да влезат во воена евиденција, а ќе може да бидат повикани на обука во случај на потреба. Во мирно време обуката ќе биде доброволна и ќе трае 6 месеци.

80

По неколкумесечни дискусии, германската влада одлучи да не воведува повторно задолжителна воена обврска, иако на германските вооружени сили им недостигаат десетици илјади војници.

аместо тоа се воведува делумно задолжителна служба – сите млади на возраст над 18 години ќе мора да поминат медицински прегледи и да пополнат мотивациски прашалник, а шестмесечната служба со плата од околу 2.000 евра останува доброволна, освен ако недостасуваат регрути. Тоа значи дека во случај на потреба регистрираните, кои ги задоволуваат критериумите за служење војска, ќе може да бидат регрутирани.






Новата воена служба ќе се базира на доброволна служба, стои во нацрт-законот, што ќе се разгледува во германскиот парламент во декември. Самата воена служба ќе трае шест месеци, од кои три месеци се основна обука. Потоа постои можност за приклучување кон вооружените сили со потпишување договор со германската војска. Следните шест месеци се предвидени за напредна воена обука, а секое понатамошно продолжување значи и дополнителни можности во кариерата.

Министерот за одбрана Борис Писториус изјави дека новата доброволна воена служба, со подобри услови и плата од старото регрутирање, ќе започне во јануари.

– Бројот на кандидатите се зголемува, бројките за регрутирање се зголемуваат. Целта е да се регрутираат 20.000 нови волонтери до 2026 година. Тие ќе добиваат 2.600 евра месечно пред оданочување – рече Писториус.

Германската војска моментално има околу 182.000 војници. Сепак, до 2035 година ќе бидат потребни најмалку 260.000 за да се исполнат барањата на НАТО.

Поврзани содржини