ГЕРМАНЦИТЕ СТРАВУВААТ ОД ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАДИ ЗА ВРЕМЕ НА ЕУРО 2024 Европското фудбалско првенство со засилени безбедносни мерки

Европското првенство во фудбал почнува на 14 јуни со натпреварот меѓу домаќинот Германија и Шкотска во Минхен, а финалето ќе се одигра на 14 јули во Берлин. 

245

Речиси половина од Германците се загрижени од потенцијални терористички напади за време на Еуро 2024, покажа истражување објавено денеска на YouGov во соработка со Институтот Синус.

Вкупно 12% од испитаниците се многу загрижени, додека 35% се „донекаде загрижени“.






Од друга страна, 24% не се многу загрижени, а 12% воопшто не се загрижени, при што 16% од испитаниците или немале мислење или не одговориле на прашањето.

Истражувањето исто така покажа дека речиси половина од испитаниците (46%) тврдат дека се рамнодушни кон претстојното европско фудбалско првенство. Вкупно 11% се против првенството, додека 32% рекле дека со нетрпение го очекуваат.

Во онлајн анкетата, спроведена од 18 до 25 април, учествувале 2.065 луѓе.

Европското првенство во фудбал почнува на 14 јуни со натпреварот меѓу домаќинот Германија и Шкотска во Минхен, а финалето ќе се одигра на 14 јули во Берлин.

Поврзани содржини