ГЕРБ му даде „корпа“ на Радев
Според нив, дијалогот бил повеќе пати нарушуван и сметаат дека за нив нема место на консултациите, откако не биле поканети на разговори со другите политички сили.
Втората по големина политичка сила во новиот состав на бугарското Национално собрание, ГЕРБ-СДС, соопшти дека одбива да учествува на денешните консултациите со претседателот Румен Радев.
Според нив, дијалогот бил повеќе пати нарушуван и сметаат дека за нив нема место на консултациите, откако не биле поканети на разговори со другите политички сили.
Покрај тоа, коалицијата е на мислење дека шефот на државата не е обединувач на нацијата и дека назначи привремена влада, која, според нив, „лично ја составил“ само за нивната партија да биде опсипувана со клевети.
ГЕРБ-СДС, исто така, коментира дека им е чест да бидат во опозиција и да бидат изолирани.