Георгина Родригез позирала во црвена долна облека со тантела, а фотографијата ја објавила на Инстаграм.
Во луксузниот дом на славниот фудбалер Кристијано Роналдо и неговата свршеница Георгина, сè е во знакот на празниците, а таа празничната атмосфера дополнително ја „зачинила“ позирајќи во сексапилна долна облека, а со фотографијата се пофалила на Инстаграм.
„Да се сакате себеси е почеток на љубовна приказна без крај“, напишала таа покрај фотографијата на која што на себе носи чипкаста долна облека, а деколтето ѝ е истакнато и ја покажува својата топ форма на тело.
Таа позирала на белиот кауч покрај накитеното божиќно дрво, а на нозете носела топли дизајнирани влечки од брендот „Луј Витон“. Покрај неа, од другата страна, се наоѓа дизајнирано ќебе од истиот бренд.
Покрај нејзината фантастична фигура, следбениците забележаа дека таа нема проблем да издвои поголема сума пари за најситните брендирани детали. Ќебето со потпис на „Луј Витон“ чини околу 1.500 долари, додека влечките може да се најдат на официјалната страна на луксузниот бренд за 1.000 долари.
На фотогрфијата не можел да одолее ниту Роналдо, па во коментар ѝ напишал: „Mama mia…“.
Ова се останатите коментари кои што атрактивната Џорџина ги добила на фотографијата: „Спектакуларна си“, „Те сакам“, „Каква убавица“, „Импресивна си“, „Ти си најубавата жена на светот“, „Жено, ти си скандал“, „Секогаш си жешка“…
На една од фотографиите што ги објавила на инстаграм-стори, се гледа голема кутија со потпис на „Диор“ покрај украсите Дедо мраз.
View this post on Instagram
ФОТО: Инстаграм