ГЕОРГИЕВСКИ ОСВОИ СРЕБРО ВО ТИРАНА Значајни олимписки бодови за најдобриот македонски таеквондист

Важно да се истакне дека Дејан денес го елиминира белорусинот Плонис кој на олимписките квалификации за Париз го спечи нашиот репрезентативец да обезбеди норма.

130

Дејан Георгиевски со две доминантни победи над Насо Марко од Италија и Плонис Артсиом од Белорусија дојде до финале на Тирана Опен Г1. Во финалето македонскиот таеквондист тесно загуби од Сотириос од Грција и освои сребрен медал.

– Во финалето Македонецот се бореше со мала повреда која се надеваме дека за многу скоро ќе ја санираме. Убав почеток со значајни бодови за олимпискиот ранкинг – објави Борче Костовски, тренерот на Георгиевски.






Важно да се истакне дека Дејан денес го елиминира белорусинот Плонис кој на олимписките квалификации за Париз го спечи нашиот репрезентативец да обезбеди норма.

Поврзани содржини