Георгиески: Најавените концерти во Охрид да се откажат, ако не се според препораките
Тој рече дека најголемиот проблем во моментот за сите надлежни институции се најавите за организација на бројни музички настани на повеќе локации на отворено, за кои има голем интерес од страна на туристите.
Најавените концерти закажани во наредните денови, кога се очекува туристичката сезона да го достигне својот врв, а Охрид да биде исполнет со голем број гости, може да предизвикаат несакани последици доколку организаторите на настаните немаат капацитет истите да ги реализираат според препораките на Комисијата за заразни болести и Општинскиот кризен штаб – предупреди денеска во изјава за медиумите градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.
Тој рече дека најголемиот проблем во моментот за сите надлежни институции се најавите за организација на бројни музички настани на повеќе локации на отворено, за кои има голем интерес од страна на туристите.
Кризниот штаб на Општина Охрид упати препорака до организаторите да не ги организираат и одржуваат настаните доколку немаат капацитети за почитување и спроведување на Протоколот за начинот и условите за организација на настани, кој го донесе Владата. Исто така Кризниот штаб упати и апел односно препорака и до сите сопственици на локации на кои се закажани овие настани, да не ги изнајмуваат локациите за организација на настани од масовен тип, доколку не постојат услови за почитување на одредбите од овој Протокол – рече Георгиески.