Генералштабот на војската на САД заврши во самоизолација

320

Речиси сите членови на американскиот Генералштаб заминале во самоизолација, откако вториот човек на Крајбрежната стража објавил дека е позитивен на коронавирус.

Адмиралот Чарлс Реј, по состанокот на американскиот воен врв во Пентагон, бил тестиран позитивно на ковид-19.






Висок воен претставник, кој побарал да остане анонимен, нагласил дека поради ризик речиси целиот состав на Генералштабот бил тестиран на коронавирус, но сите, освен адмиралот Реј, биле негативни и продолжиле со своите должности.

Во меѓувреме, Белата куќа соопшти дека зголемениот број на заразени со ковид-19 меѓу претставници на американската администрација, не го загрозува функционирањето на Владата на САД.

– Освен адмиралот Реј, нема други високи воени претставници кои се заразени со коронавирус. Борбената готовност и подготвеност на американските вооружени сили се непроменети – изјави претставникот на Пентагон, Џонатан Хофман.

Поврзани содржини