ГЕНЕРАЛКА НА ДИВИТЕ ДЕПОНИИ ВО СКОПЈЕ Собран отпад од 45 кубни метри
Како што е соопштено, исчистени се дивите депонии во близина на „Македонска куќа“ во општина Карпош, на улицата Славеј планина во општина Чаир, како и на повеќе локации во општина Кисела Вода.
Од почетокот на неделава се отстранети 45 кубни метри отпад од диви депонии во три скопски општини, соопшти ЈП„Комунална хигиена“.
Како што е соопштено, исчистени се дивите депонии во близина на „Македонска куќа“ во општина Карпош, на улицата Славеј планина во општина Чаир, како и на повеќе локации во општина Кисела Вода.
Еко-патролата изврши надзор врз неколку микролокации на улицата Петар Манџуков во скопската општина Бутел, каде што е забележано континуирано непрописно одлагање отпад на јавни површини.