Генерал Остин ќе биде новиот шеф на Пентагон

234

Новоименуваниот претседател на САД, Џо Бајден го избра пензионираниот генерал Лојд Џеј Остин за нов министер за одбрана.

Остин се пензионира во 2016 година, а командуваше со трупите на САД на Блискиот Исток за време на мандатот на претседателот Барак Обама. Остин беше првиот Афроамериканец на таа должност.






Претходно, д-р Ентони Фаучи, долгогодишен директор на Националниот институт за алергии и заразни болести беше повикан да ја преземе должноста главен медицински советик на Бајден.

Бајден ќе стапи на должност на 20јануари 2021 година.

Поврзани содржини