ГЕНЧОВСКА ВИ ПРАВИ ПРЦ НА БРИФИНГ Бугарија не отстапува од ставот за официјалниот јазик на Република Северна Македонија
Прво во ЕУ пред министрите, па после пред своите граѓани? Какво демократско достигнување е ова, ма браво! Морам да ги прашам овие релативизаторите што елитистички се смеат на тоа дека си загрижени за државата, ова сериозно нормално ви звучи?! Или пак ќе си поќутите, вели директорката на Институтот за комуникациски студии, Жанета Трајковска.
Чекај, чекај, по потпишувањето нема ни денеска да го објавите?! Па јас сум ви дала и повеќе образ од што имате, сум ве преценила брее, јас мислев барем ќе се обидете да не зафарбате со објавување 5 минути пред потпишување, па преку рент-а-новинар и рент-а експерт ќе не „информиравте“ дека тоа што сме дознале истовремено со потпишувањето е големо достигнување и развој на демократијата во Македонија, реагира на Фејбук, Жанета Трајковска.
„Прво во ЕУ пред министрите, па после пред своите граѓани? Какво демократско достигнување е ова, ма браво! Морам да ги прашам овие релативизаторите што елитистички се смеат на тоа дека си загрижени за државата, ова сериозно нормално ви звучи?! Или пак ќе си поќутите“, вели директорката на Институтот за комуникациски студии.
Таа дава предлог ид да не се објавува протоколот, иронично порачувајќи дека ние мена што да знаеме, што пишува во него.
„Нека знаат во ЕУ и Генчовска, а нас на рати ќе ни го кажувате што треба да направиме, што има да знаеме како не сецкате! Ќути, бутај, може Македонецот да издржи сè. Нe бе дечки, не може сè. И сами ќе си го видите тоа. Каков крај“, вели Трајковска.
На крајот од постот таа се осврна на излагањето на Теодора Генловска, министерката за надворешни работи на Бугарија.
Еве ви ја Генчовска – ви прави прц на брифинг – честитајте си! со фуснота! Бугарија не отстапува во однос на ставот за официјалниот јазик на Република Северна Македонија. Целосно ја почитуваме одлуката на Народното собрание, според која Бугарија не го признава овој јазик. Во контекст на преостанатите 26 земји-членки, сепак, тие имаат свои позиции и ние никако не можеме да ги обврземе да го прифатат нашиот став. Но, бугарската позиција е загарантирана во целата преговарачка рамка“.