ГЕНЧОВСКА ПОДНЕСУВА ОСТАВКА Таа открива како Петков сакал да го заобиколи ветото

Министерството за надворешни работи е совршена институција. По секоја средба има стенограми. Тие според содржината имаат различна класификација и по потреба може да се покажат, рече Теодора Генчовска.

794

Министерката за надворешни работи на Бугарија, Теодора Генчовска пред БТВ изјави дека денеска до Собранието ќе ја депонира оставката.

Како главна причина за оставката се наведуваат наводни разговори на премиерот Кирил Петков со европски партнери како да се заобиколи ветото за Македонија, но и по изјавата на лидерот на „Има таков народ“, Слави Трифонов дека ги повлекува своите министри од атктуелната влада, а еден од нив е токму Генчовска.






Како што вели министерката на овие средби Петков со европски лидери разговарал како да се заобиколи бугарското вето за Македонија.

– Министерството за надворешни работи е совршена институција. По секоја средба има стенограми. Тие според содржината имаат различна класификација и по потреба може да се покажат – рече Теодора Генчовска.

Таа појасни дека не присуствувала на разговорите на Петков за укинување на ветото, но информации за такво вето добила од европски дипломати.

– Во нашите разговори со претставници на европските институции не информираа дека има и други сигнали од премиерот – рече Генчовска.

Запрашана дали имало притисок да се укине ветото, таа рече дека навистина така се чувствувала на почетокот на нејзиниот мандат.

– Надворешната политика не треба да зависи од политичките партии – рече Теодора Генчовска.

Потсетуваме дека таа беше министерка за надворешни работи од редовите на „Има таков народ“ во кабинетот на Кирил Петков, но вчера партискиот лидер Слави Трифонов најави дека ги повлекува претставниците од неговата партија од власта. Тој како причина за ваквиот чекор го  наведе лошо финансиско управување, но и укинувањето на ветото од страна на Бугарија во однос на членството на Македонија во Европската Унија.

Поврзани содржини