ГДУ: Платите на пратениците да се пренасочат кон здравствениот систем

292

Граѓанско-демократската унија (ГДУ) предлага неколку мерки со цел финансиски да му се помогне здравствениот систем.

„Да се престане со исплаќање плати на пратениците кои така или инаку не работат, а средствата Владата да ги насочи кон здравствениот систем. Парите кои државата им ги исплаќа на партиите од државниот буџет да се пренасочат кон здравствениот систем, а оние партии кои веќе ги добиле средствата предвидени од државниот буџет во знак на солидарност да ги подарат или вратат во здравствениот систем. Средствата предвидени во буџетот за рекламирање на политичките субјекти за изборите, Владата да ги пренасочи кон поддршка на стопанството“, се наведува во соопштението на ГДУ.






Оттаму апелираат до министрите, советниците во општините и градоначалниците, своите плати за месец март да ги донираат за борба против корона вирусот;

„Време е политичарите и партиите да бидат на висината на задачата!“, порачуваат од ГДУ.

 

Поврзани содржини