„ГАЗПРОМ“ ЈA ДИКТИРА ЦЕНАТА НА ПАРНОТО Бектеши нема информација колку ќе поскапи парното
Министерот за економија изјави дека веќе се запопчнати преговори со руски „Газпром“ од страна на „Макпетрол“ кој е главен увозник на природен гас.
Министерот за економија Крешник Бектеши не е сигурен дали парното ќе мора да поскапи бидејќи, како што изјави днееска цената на парното зависи од цената на рудкиот гас.
Тој изјави дека веќе се запопчнати преговори со руски „Газпром“ од страна на „Макпетрол“ кој е главен увозник на природен гас.
– Имајќи во предвид дека ние имаме само еден влез, еден интерконектор со Бугарија каде што главно количините се обезбедени од страна на „Газпром“ и во Република Бугарија и сме зависни, во делот на цената што ќе ја понуди компанијата – рече Бектеши.
Тој додаде дека цената на парното греење зависи од цената на природниот гас.
– Тоа не е проблем само на С Македонија, тоа е голем проблем и на ЕУ заради политиките кои ги прави Русија преку „Газпром“. За тоа, нашата цел како Влада е да направиме диверзификација во делот на снабдување со природен гас. На почетокот на наредната година ќе почне со изградба новиот интерконектор со Република Грција и на таков начин да ја зголемиме конкурентноста и во овој дел на енергијата во нашата држава што нема да придонесе позитивно само во нашата држава, но и во регионот, бидејќи ќе имаме повеќе можности за снабдување со природен гас – рече Бектеши.