ГАЗЕТЕ ПРЕКУ НАС, НАВИКНАТИ СМЕ Герила акција на Левица на црвениот тепих на „Браќа Манаки“ ВИДЕО
Од Левица велат дека на мирољубив начин во нетипичен стил испратиле порака до локалните политичари и до тие од главниот град, кои на Битола се сеќаваат само во предизборни кампањи и тогаш кога треба да се фотографираат.
Синоќа во Битола започна 42. издание на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“, а на овој настан, активисти на Левица во герила акција легнаа на црвениот тепих.
„Легнувајќи на гламурозниот црвен тепих им порачаа на гостите слободно да газат и минуваат преку нив, затоа што како битолчани навикнати сме веќе 30 години да нè газат без око да ни трепне“, соопштија од Левица.
Од таму велат дека на мирољубив начин во нетипичен стил испратиле порака до локалните политичари и до тие од главниот град, кои на Битола се сеќаваат само во предизборни кампањи и тогаш кога треба да се фотографираат.