Газдите им бараат доказ дека се негативни, вработените уште 14 дена во самоизолација

Ставот е дека нема потреба од тестирање, доколку лицата се без симптоми. Но тие треба да останат во домашна самоизолација уште 14 дена – појасни Филипче.

1,795

На повеќето од вработените кои се вратиле од странство и биле 14 дена во самоизолација,  работодавачите им бараат документ дека се негативни на коронавирусот. Но за тоа нема потреба, а газдите на фирмите ќе бидат известени за ова

– Не е задолжително да се тестираат оние лица кои 14 дена седеле во изолација поради сомнеж за коронавирус,  ако немаат симптоми. за ваквите лица се препорачува уште 14 дена да останат во домашна изолација. На Комисијата за заразни болести се дискутираше за ова. Ставот е дека нема потреба од тестирање, доколку лицата се без симптоми. Но тие треба да останат во домашна самоизолација уште 14 дена – појасни Филипче.






Ставот на Комисијата за заразни болести за ова прашање ќе се официјализира и ќе се дистрибуира до сите засегнати.

Во самоизолација се наоѓаат моментно околу 7.000 граѓани.

Поврзани содржини