Газда на кафана завршил во притвор, работел по дозволеното време

Прегазен пешак во Штип, поради повредите завршил во болница.

277

ПРИТВОРЕН ГАЗДА НА КАФАНА – На 09.12.2020 околу 23.30 часот, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода М.Ј.(50) од с.Пирок, тетовско бидејќи во угостителски објект во негова сопственост во с. Пирок, имало гости и работел по дозволеното време, односно не ги почитувал мерките за справување со ширењето на коронавирус. По целосното документирање на случајот на М.Ј. ќе му биде изготвен соодветен поднесок за сторено кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“, согласно член 206 од Кривичниот законик.

ИМ НАШЛЕ МАРИХУАНА ВО ВОЗИЛОТО – На 09.12.2020  во 22.10 часот на подрачје на општина Кисела Вода од полициски службеници од СВР Скопје од слобода се лишени четири лица: М.Т.(29), Б.Ј.(28), Ф.Л.(21) и В.М.(23) сите од Скопје бидејќи при контрола над патничкото моторно возило управувано од Б.Ј., е пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.






ТЕШКО ПОВРЕДЕН ПЕШАК ВО ШТИП – На 09.12.2020 околу 18,30 часот во Штип на крстосница од ул.„Пиринска“ и ул.„Сутјеска“, патничко моторно возило “опел агила“ со штипски регистарски ознаки управувано од И.А.(37) од Штип удрило во пешакот Р.В.(62) од Штип. Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобила Р.В., на која и била укажана лекарска помош во Клиничка болница Штип. За незгодата е известен јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Штип.

КАМИОН УДРИЛ ВО ВОЗИЛО, ВОЗАЧОТ ЗАВРШИЛ НА УРГЕНТЕН – На 09.12.2020 во 20,55 часот во с.Долно Лисиче,скопско на крстосница од ул.„1“ и ул.„7“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило “мазда 323“ со скопски регистарски ознаки управувано од И.Н.(37) од с.Долно Лисиче и товарно моторно возило “ман“ со приколка “утва“ двете со скопски регистарски ознаки управувано од С.Т.(52) од Скопје. По незгодата, И.Н. бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

СТРАШНА СООБРАЌАЈКА ВО БИТОЛА – На 09.12.2020 во 22.40 часот во Битола, на ул.„Македонска фаланга“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „хундаи“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Н.Т.(41) од Горно Оризари и автобус „ман“ со битолски регистарски ознаки, управуван од Т.Д.(54) од Битола. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот Н.Т., додека со повреди се здобила сопатничката во автобусот К.Н.(25) од Битола, на кои им била укажана лекарска помош во Клиничка болница Битола. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Битола.

Поврзани содржини