ГАЗДА ДЕКО ИМАЛ СЕРИОЗНА ОПЕРАЦИЈА НА ‘РБЕТОТ Неговата адвокатка побара да го преместат во притвор во Скопје

Адвокатката Коцевска се пожали дека 3 месеци барала да му се овозможи контрола за совет за натамошно лекување, дека Судот давал наредба за спровод, но дека тој не бил спроведуван, сѐ до 23.02.2026 година.

1

Бранителката Ивана Коцевска, која го застапува првообвинетиот Дејан Јованов Деко побара тој да биде преместен од притворот во Куманово во притворот во Скопје.

– Бараме Деко да биде прераспределен во КПУ Скопје, од безбедносни, здравствени и оправдани причини. По негово кажување, затворскиот персонал од затворот Куманово се однесува деградирачки и нечовечки кон Јованов. Судот веќе има на увид обемен медицински материјал за првообвинетиот, кому му беше направена сериозна хируршка интервенција на три нивоа на ‘рбетниот столб и беше вратен во притвор. Одбраната три месеци бара да му се овозможи контрола за совет за натамошно лекување. Судот даваше наредба за спровод на осомничениот, истиот не беше спроведуван, сѐ до 23.02.2026 година, пред два дена. Исто и поради причини за економичност на постапката и потребата Јованов да се спроведува на Клиниката за неврохирургија, го молам судот да донесе одлука да го премести Јованов во КПУ Скопје – рече Коцевска.

Поврзани содржини