ГАЗА Е ЖЕДНА Израел им ја ограничува водата на Палестинците

Во извештајот на организацијата „Хјуманс рајт воч“ се наведува дека Израел го прекинал снабдувањето со вода и со електрична енергија за Појасот Газа и го ограничил снабдувањето со гориво, а Палестинците во Газа имале пристап до само неколку литри вода дневно, далеку под потребните 15 литри за опстанок.

161

Израелското ограничување на снабдувањето со вода во Газа, на нивоа под минималните потреби, е чин на геноцид и на истребување и е злосторство против човештвото, се тврди во извештајот за човекови права на организацијата „Хјуманс рајт воч“, објави британски Гардијан.

Хјуман рајтс воч (ХРВ) ги истражуваше израелските напади врз инфраструктурата за водоснабдување во Газа во текот на нејзината 14-месечна војна таму.






Во извештајот се посочува дека ускратувањето вода за Палестинците во Појасот Газа, од страна на Израел, претставува „геноцид“.

– Откривме дека израелските власти намерно убиваат Палестинци во Газа со тоа што им ја ускратуваат водата што им е потребна за да преживеат – изјави директорот на организацијата за Блискиот Исток, Лама Факи.

Во извештајот на 184 страници се наведува дека израелската влада го прекинала снабдувањето со вода и со електрична енергија за Појасот Газа и го ограничила снабдувањето со гориво.

„Како резултат на тоа, Палестинците во Газа имаа пристап до само неколку литри вода дневно во многу области, далеку под потребните 15 литри за опстанок“, се вели во извештајот.

Во ноември, Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и на поранешниот израелски министер за одбрана, Јоав Галант, за наводни воени злосторства и злосторства против човештвото. Тие ги негираат обвинувањата.

СТУДЕН ТУШ ЗА ИЗРАЕЛ ОД АМНЕСТИ ИНТЕРНЕШНЛ Извештај од 300 страници го товари Тел Авив за геноцид врз Палестинците

Израел постојано ги отфрла обвиненијата за геноцид, велејќи дека го почитува меѓународното право и дека има право на самоодбрана откако палестинската милитантна група Хамас го нападна јужен Израел на 7 октомври 2023 година, при што уби околу 1.200 луѓе и киднапираше околу 250 лица.

НАЛОГ ЗА АПСЕЊЕ НА НЕТАНЈАХУ И НА ГАЛАНТ Меѓународниот кривичен суд издаде потерница

Поврзани содржини