Гавранлиев вечерва настапува шести на првото полуфинале од Евросонг
Музичкиот спектакл ќе започне во 21 часот, а Васил вечерва ќе ја отпее песната „Here i stand“.
Македонскиот претставник на Евровизија, Васил Гарванлиев вечерва како шести ќе настапи на првото полуфинале на 65 издание на избор на песна за Евровизија во Ротердам, Холандија.
Музичкиот спектакл ќе започне во 21 часот, а Васил вечерва ќе ја отпее песната „Here i stand“.
Шеснаесет земји ќе учествуваат во првото полуфинале и тоа Латвија, Словенија, Русија, Шведска, Австралија, Ирска, Кипар Норвешка, Хрватска, Белгија, Израел, Романија, Азербејџан, Украина, Малта, Германија, Италија и Холандија.
Настанот оваа година ќе се одвива по строги правила, кои ги наложи владата на Холандија.
На првото и второто полуфинале, вечерва и во четврток, како и на финалето во сабота ќе присуствуваат 3.500 гледачи, со негативен ковид-тест, што е 20 отсто од капацитетот на салата „Ахој“.
За гледачите кои навикнаа да гледаат море од знамиња во публиката и да ги следат учесниците во „зелената соба“ како се прегрнуваат и слават, годинешното издание ќе биде поинакво. Изведувачите ќе бидат под строги правила кои ги издаде холандската влада.