Гасификацијата на општините ќе чини околу 350 милиони евра

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски забележа дека ова се првични проценки и анализи.

445

Гасифицирањето на сите општини во државата ќе чини околу 350 милиони евра, најави денеска Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски. Тој забележа дека ова се првични проценки и анализи, а на тендерот кој го распиша Министерството за економија интерес пројавија две компании.

– Приватни партнери коишто ќе работат на оваа проблематика заедно со државата, со општините со цел да имаме уште еден паралелен енергенс и со тоа да ги намалиме сметките на граѓаните, на компаниите, на нашите институции, на градинките, на школите, на општините и на сите останати институции. Со тоа ќе бидат поконкурентни сите наши институции, ќе бидат поконкурентни нашите домашни компании и секако ќе имаме почиста и поздрава животна средина за граѓаните – рече Бочварски.






Моментално за секундарната гасификација се подготвени две општини Штип и Крива Плаанка, кои ја имаат документацијата, а повеќе општини работат и ја очекуваат.

Министерот за транспорт и врски, Бочварски очекува во 2021 година да заврши кракот кон Битола и кракот кон Гостивар, а паралелно со тоа веќе се работи преку Национални енергетски ресурси на проектирање на гасоводот кон Косово и проектирање на гасоводот и поврзување со Грција.

– Секако проектирањето на гасоводот кон Велес исто така е значаен со крак и проектирањето на гасоводот од Гостивар кон Кичево. Целта е да се затвори целиот прстен од Битола кон Охрид и од Кичево кон Охрид со што ќе бидеме поврзани целата земја со овој прстен и ќе бидеме поврзани на два доводи на гас и од Грција и од исток од Бугарија. Така што државата ќе биде транзитна земја, ќе имаме конкурентни цени на гасот заради тоа што преку нас, преку територијата на нашата држава ќе се снабдуваат и Косово, веројатно и Црна Гора во иднина доколку има таква потреба со гас, така што ова е многу важно прашање – вели Бочварски.

 

Поврзани содржини