ГАШИ Е ОТПУШТЕН ОД БОЛНИЦА, ЌЕ ПРОДОЛЖИ СО РАБОТА Собранието им се заблагодари за грижата на лекарите и на јавноста
Кабинетот на претседателот на Собранието изразува посебна благодарност до директорот на Клиниката, проф. д-р Огнен Костовски, тимот лекари и до целиот здравствен персонал за професионализмот, грижата и посветеноста покажани за време на лекувањето.
По краткиот дводневен престој на Универзитетската клиника за дигестивна хирургија и по спроведувањето на сите потребни медицински прегледи, здравствената состојба на претседателот Африм Гаши е добра и стабилна, соопшти Кабинетот на претседателот на Собранието.
„Денеска, г-дин Гаши е отпуштен од болница и ќе продолжи со своите институционални активности во согласност со медицинските препораки“, соопшти Собранието.
Кабинетот на претседателот на Собранието изразува посебна благодарност до директорот на Клиниката, проф. д-р Огнен Костовски, тимот лекари и до целиот здравствен персонал за професионализмот, грижата и посветеноста покажани за време на лекувањето. Исто така, Кабинетот искажа благодарност и до сите граѓани, претставници на институциите, медиумите и јавноста за нивниот континуиран интерес и за поддршката.
Како што информиравме, претседателот на Собранието беше примен на Клиниката за дигестивна хирургија со болки во стомакот предизвикани од преплет на црева. Неговото лекување беше медикаментозно, без хируршка интервенција.