Гаши: Далечни се ставовите на македонските партии

Имаше едно толкување дека по завршувањето на вонредната состојба течат роковите за избори и на крај на јуни треба да има предвремени парламентарни избори, но ние мислиме дека тоа не е добро ни за граѓаните ни за нивното здравје, рече Гаши.

210

 

Владејачката партија била за избори во јуни, а опозициската за почетокот на септември и на средбата воопшто немало доближување на ставовите меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, истакна лидерот на Алтернатива, Африм Гаши, по завршувањето на лидерската средба кај претседателот Стево Пендаровски.






– Се надевам дека во наредните денови ќе имаме средби за да определиме некој датум за избори со консензус. Треба да имаме предвид дека државата треба да има институции, но и на денот на изборите да не биде ставено во опасност здравјето на граѓаните. Имаше едно толкување дека по завршувањето на вонредната состојба течат роковите за избори и на крај на јуни треба да има предвремени парламентарни избори, но ние мислиме дека тоа не е добро ни за граѓаните ни за нивното здравје. Исто така, не е добро бидејќи треба да се постигне договор за избори со консензус – рече Гаши.

Поврзани содржини