„Гардијан“: Македонија пред конкурентите во групата на следното ЕП

Поради сето ова, угледниот британски медиум „Градијан“, во своето најново рангирање, ја постави Македонија како 18 фаворит за престојното Европско првенство.

1,520

Откако обезбеди пласман на следното Европско првенство, Македонија триумфираше нагости кај Германија со 1:2, победа која на нашата селекција и обезбедува позиција да брка пласман и на Мундијалот во Катар следната година.

Поради сето ова, угледниот британски медиум „Градијан“, во своето најново рангирање, ја постави Македонија како 18 фаворит за престојното Европско првенство.






Ова е напредок од цели пет места за избраниците на Ангеловски, а токму победата над Германија е една од главните причини за сето тоа. По несреќниот пораз од Романија и убедливата и рутинска победа над Лихтенштајн, дојде редот за еден голем, џиновски скалп.

Пред ова рангирање, нашата репрезентација беше претпоследна на рангирањето на „Гардијан“, а зад нас беше само Словачка. Сега, ситуацијата е променета, па нашата репрезентација сега е пред Австрија и Украина, репрезентации кои ни се конкуренти во Групата Ц на ЕП летово, со што практично ние сме фаворити за второто место во групата и пласман во нокаут фазата, зад Холандија, која напредуваше три места на оваа листа.

Според „Гардијан“, најголем фаворит на престојното ЕП е Белгија, веднаш зад неа е Данска, па следуваат Италија, Англија и Франција. Холандија е на 13, Австрија 21, а Украина на 23 место. Германците назадуваа за шест позиции и сега се осми фаворити.

Поврзани содржини
na