(ГАЛЕРИЈА) СЕКАДЕ СЕ ТРУПА ЃУБРЕ, ДУРИ И ВО ФОНТАНИТЕ! Фатени 48 граѓани што непрописно фрлале отпад

Во текот на март се изготвени вкупно 48 записници за лица коишто се затекнати при неправилно одлагање градежен и кабаст отпад, информира ЈП Комунална хигиена-Скопје.

272

Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје соопшти дека врши секојдневен надзор на дваесетина локации во сите скопски општини каде што континуирано непрописно се одлага отпад на јавни и сообраќајни површини. Во текот на март се изготвени вкупно 48 едукативно-информативни записници за лица коишто се затекнати при неправилно одлагање градежен и кабаст отпад.

Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје вчера ја чистеа внатрешноста на фонтаните во централното градско подрачје, коишто сè уште не се пуштени во употреба.






Воедно, беше отстранета и обемна дива депонија лоцирана на бул. Јане Сандански, во скопската општина Аеродром, при што се подигнати приближно пет кубни метри кабаст и градинарски отпад, информира ЈП Комунална хигиена-Скопје.

 

 

 

 

 

 

Поврзани содржини