(ГАЛЕРИЈА) НЕМА ВЕЌЕ ИМПРОВИЗАЦИИ ВО АРМИЈАТА Министерството за одбрана набави 6 моќни хаубици „Боран“

Нема веќе импровизации, нема веќе застарена опрема и декларативна поддршка. Има реални инвестиции, има план, има стратегија. Има волја и одговорност. Со оваа набавка, ја градиме државата која самоуверено стои рамо до рамо со сојузниците, изјави премиерот на промоцијата на новите армиски артилериски орудија „Боран“ во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп.

1,274

Министерството за одбрана реализираше две големи набавки за муниција и за набавка на опрема за хаубиците, информираше премиерот Христијан Мицкоски на промоција на новите армиски артилериски орудија „Боран“ и друга придружна опрема, набавени од Турција.

Новите оружја и муниција беа претставени во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп.






– Со гордост објавувам дека преку Министерството за одбрана успешно ги реализираше два значајни договори за набавка на нова современа воена опрема – опрема која е целосно усогласена со НАТО стандардите. Ова не е само набавка. Ова е визија за Македонија како стабилна, сигурна и подготвена членка на НАТО Алијансата. Ова е порака дека државата станува сила што застанува на свои нозе – рече премиерот.

Мицкоски објасни дека со првиот договор се набавени и веќе испорачани 6 хаубици – моќни артилериски системи кои ќе го засилат капацитетот на нашата Армија. Заедно со нив е предвидена и набавка на муниција со зголемен дострел, чија испорака и исплата се планирани во текот на 2026 година.

Со вториот договор, вели премиерот, обезбедена е набавка на опрема за хаубиците – системи за комуникација и контрола на оган кои значително ќе ја зголемат огнената моќ и прецизноста на делувањето на нашите единици.

Фото: Влада
Фото: Влада
Фото: Влада
Фото: Влада
Фото: Влада

– Нашата Армија со оваа опрема не само што ќе биде помоќна, туку и покоординирана, попрецизна и поусогласена со НАТО стандардите. Нема веќе импровизации, нема веќе застарена опрема и декларативна поддршка. Има реални инвестиции, има план, има стратегија. Има волја и одговорност. Со оваа набавка, ја градиме државата која самоуверено стои рамо до рамо со сојузниците – вели првиот човек на Владата.

На настанот свои обраќања имаа и министерот за одбрана Владо Мисајловски, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал Сашко Лафчиски, и амбасадорот на Турција, Фатих Улусој.

 

 

Поврзани содржини