(ГАЛЕРИЈА) 24 ЧАСА „LE MANS“ Тимот на Peugeout TotalEnergies е подготвен за големиот предизвик
Тимот Peugeot TotalEnergies ќе се натпреварува со два PEUGEOT 9X8 хиперавтомобили на 92-то издание на „24 часа Le Mans“. Целта е да се има максимална доверливост и да се прикажат перформансите кај PEUGEOT 9X8 2024. Дваесет и три прототипи ќе се натпреваруваат во елитната категорија на хиперавтомобили, а се очекуваат повеќе од 320.000 фанови и посетители за време на лудилото што се нарекува „недела на Le Mans“.
Откако минатогодишното издание привлече рекордна толпа од 325.000 фанови, „24 часа Le Mans“ оваа година е повторно распродаден. Билетите за настанот во оваа 2024 година, беа буквално распродадени за неколку дена.
Да се соочиме со тоа, љубителите на трките ги имаат сите причини да дојдат. Тие можат да очекуваат многу возбуда на патеката „Circuit de la Sarthe“, со дваесет и три прототипи и девет престижни производители на автомобили, кои се натпреваруваат во елитната класа на хиперавтомобили. Оваа 24-часовна тркачка патека е најдолгата (13.626 km) и најбрзата (просечна брзина поголема од 240 km/h) патека на светскиот шампионат на издржливост на FIA.
– Le Mans е вкоренет вo ДНК кодот на брендот PEUGEOT. Сеќавањата и емоциите што се чувствуваат на овој култен настан се протегаат низ генерациите – изјави Jean-Marc Finot, потпретседател на Stellantis Motorsport и додаде:
– Ентузијазмот што го видовме на Le Mans во 2023 година, покажа колку силно фановите го поддржуваатPEUGEOT. Оваа година се враќаме порешителни од кога било. Тимот работеше неуморно повеќе од една година за да се пласира на стартната линија на 15 јуни. Овогодинешната трка ќе биде историска во однос на големината и квалитетот на натпреварот. „24 часа Le Mans“ е уникатна авантура за човекот“.
Тимот Peugeot TotalEnergies во трката влезе со две верзии на PEUGEOT 9X8 2024. Тимот има намера да ја покаже доверливоста на автомобилот и придобивките од перформансите направени во овој радикално изменет хиперавтомобил, кој го имаше своето натпреварувачко деби на „6 часа Imola“ на почетокот на април, по само десет месеци развој.
„Навистина сме задоволни што успеавме да го возиме овој автомобил за прв пат на Imola“, истакна Olivier Jansonnie, технички директор на Peugeot Sport. „Да се развие хиперавтомобил кој е за 90% нов во однос на каросеријата и тоа за само десет месеци, со сѐ времето за производството за делови и алати е навистина импресивно достигнување. Овој подвиг возможен го направи тимската работа на екипата на Peugeot TotalEnergies“.
На своето натпреварувачко деби, PEUGEOT 9X8 2024 ги обезбеди првите бодови на WEC за тимот во оваа сезоната со деветтото место на „6 часа Imola“. И покрај тоа што се соочи со многу силна конкуренција, три недели подоцна PEUGEOT 9X8 2024 постигна уште еден пласман да заврши помеѓу првите десет на листата на „6 часа Spa-Francorchamps“.
– Справување со сите моменти за време на трката и придобивките од перформансите беа во согласност со нашите очекувања и она што го забележавме за време на зимските тестирања – потврди Olivier Jansonnie.
– Сепак, нема сомнеж дека сè уште треба да се подобриме. Со околу дваесет хиперавтомобили на патеката, видовме како ѝ најситните детали можат да ја направат разлика. Во Imola и Spa, благодарение на одличната стратегија и напорната работа на сите во тимот, трката ја завршивме пред побрзите болиди. Доколку ги погледнете перформансите на болидот, очигледно е дека ние го подобривме исходот, иако реално сеуште не го достигнуваме резултатот на кој се надевавме – додава тој.
Историски гледано, Le Mans е една од најуникатните трки, објасни Olivier Jansonnie.
Се разбира тука е автомобилот, неговата брзина и сигурност, но се работи и за подготовка на тимот, стратегија за трката и тн. Нашите подготовки започнаа во јули 2023 година, откако темелно го разгледавме 91-то издание, гледајќи што функционира добро, каде би можеле да се подобриме и сл. Минатата година беше нашиот прв пат да се вратиме на Le Mans по долго време и оваа година дефинитивно ќе бидеме подобро подготвени. Минатата година, во во 2023 времето беше многу променливо и тимот Peugeot TotalEnergies успеа максимално да ги искористи незгодните услови. 94 PEUGEOT 9X8 ја водеше трката цели 34 круга среде ноќ и двата болида ја поминаа целната линија на најголемата трка во светот!
Оваа година реално не размислуваме на резултатот. Нашиот единствен фокус е кон тоа да обезбедиме трката да минува без проблеми и да обезбедиме максимална сигурност. Ќе имаме појасна идеја за тоа каде стоиме во однос на перформансите по тест денот и соодветно ќе го прилагодиме нашиот пристап кон трката“.
Денот за тестирање треба да се одржи во недела на 9 јуни. Тимовите и возачите ќе имаат шест часа време за да ја искусат патеката “24 Heures du Mans“ (13.626 km). Три тренинзи и квалификации ќе се одржат во среда на 12 и четврток на 13 јуни. Потоа ќе следи “Hyperpole“ каде ќе се натпреваруваат осумте најдобри хиперавтомобили. 92-тото издание на „24 часа Le Mans“ официјално ќе започне во сабота на 15 јуни во 16 часот од страна на победникот на Светскиот куп во 1998 година, Zinédine Zidane.
„24 часа Le Mans“ е огромна мотоспорт забава која ги обединува навивачите, семејствата и љубителите на трките од целиот свет. PEUGEOT верува дека овој настан ќе биде одличен спортски фестивал. Во фан зоната на PEUGEOT, фановите ќе имаат можност да се соберат, да ја следат трката, да уживаат во забавата и да танцуваат на музика. Тоа ќе биде можност за фановите да се дружат додека навиваат за PEUGEOT.
Linda Jackson, Извршен директор на брендот PEUGEOT, изјави:
– PEUGEOT втора година по ред се натпреварува на „Le Mans“ трката која е дел од светскиот шампионат за издржливост на FIA. Минатата година, кога се вративме на Le Mans, една работа се истакна над сè друго… фановите на PEUGEOT, нашите „Лавови“! Атмосферата и поддршката што ја почувствувавме од PEUGEOT фан зоната беше неверојатна и ние сме многу благодарни за тоа. Исто така, нè потсети дека „Le Mans“ е за славење и споделување на нашата страст за мотоспортот и трките на издржливост со нашите клиенти и фанови.
Тимот Peugeot TotalEnergies неуморно работеше на развојот на 9X8 2024. Ние сме обединет тим, решени да се претставиме и да се истакнеме. Беше фантастично да се види напредокот постигнат на трките на кои присуствував до “Le Mans“ минатата година, а особено да се види ентузијазмот и возбудата околу откривањето на PEUGEOT 9X8 2024. PEUGEOT има одличен рекорд во трките на издржливост, со три директни победи на “Le Mans“ (1992, 1993 и 2009 година). Очигледно, нашата цел е да победиме овде, се разбира, ѝ да додадеме четврта титула на оваа серија победи! – вели таа и додава:
– „FIA WEC“и „24 часа Le Mans“ продолжуваат да обезбедуваат фантастична арена во која ќе ја прикажеме иновативната работа што ја правиме во PEUGEOT. Горди сме што се вративме на „24 часа Le Mans“ во Франција и едвај чекам да го споделам ова искуство со фановите“.