ГА-МА следната недела ќе има ограничени испораки на гас, се прави ремонт на гасоводот во Бугарија
ГА-МА информира дека причина за намалениот транспорт на природен гас е изведување планирани ремонтни зафати на транзитниот гасовод од Бугарија кон земјава
Од вторник до четврток следната недела, односно од 27 до 29 октомври годинава, преку гасоводот ќе се транспортираат ограничени количини на природен гас кон корисниците, најави денска АД ГА-МА.
Како што информираат од компанијата, причина за намалениот транспорт на природен гас е изведување планирани ремонтни зафати на транзитниот гасовод од Бугарија кон земјава, што ќе ги извршува бугарската комапнија „Булгартрнасгаз ЕАД“.