„Г-ЃА ВЈОСА ОСМАНИ ОД КОСОВО“ Ненамерна грешка на веб-страницата на НАТО?
Генералниот секретар на НАТО ќе се сретне со г-ѓа Вјоса Османи-Садриу од Косово, стои на вебстраницата на НАТО.
Вјоса Османи, претседателката на Косово е најавена како „г-ѓа Вјоса Османи-Садриу од Косово“, без титулата претседател, во објава за нејзината идна средба со врвот на НАТО на веб-страницата на алијансата. Српските медиуми шпекулираат дека има нешто повеќе зад оваа формулација. Дали една од причините е фактот што четири европски земји кои се членки на НАТО не го признаваат Косово? Тоа се Шпанија, Грција, Романија и и Словачка.
„Генералниот секретар на НАТО ќе се сретне со г-ѓа Вјоса Османи-Садриу од Косово. Во четврток, 7 септември 2023 година, генералниот секретар на НАТО, г-дин Јенс Столтенберг, ќе ја прими г-ѓа Вјоса Османи-Садриу“, стои на вебстраницата на НАТО.
Во другите објави за скорешни средби на истата страница, други политичари се ословувани со нивните титули како функционери од државите од кои доаѓаат.