🎥 ФУСТАН СО ТАНГА, СО ВКУС ИЛИ БЕЗ, ШТО МИСЛИТЕ ВИЕ? Славната манекенка се прошета по модната писта во модел на Гучи
Славната 52-годишна манекенка Кејт Мос се прошета по пистата на модната недела во Милано во фустан со заден дел кој ја откриваше нејзината танга. Овој аутфит предизвика голем број реакции, позитивни и негативни
52-годишната манекенка Кејт Мос прошета по пистата на Неделата на модата во Милано како дел од ревијата на Гучи, а нејзиниот аутфит предизвика бројни реакции.
Таа носеше црн фустан чиј крој намерно ја откриваше нејзината танга, како еден вид враќање на култниот изглед на Гучи од 1997 година што се поврзува со ерата на Том Форд. Креацијата е дел од втората женска колекција што креативниот директор Сабато Де Сарно ја дизајнираше за познатата модна куќа.
Овој моден избор брзо стана тема на дискусија на социјалните мрежи. Додека некои го пофалија нејзиниот изглед и самодоверба, други го сметаа за невкусен. Обожавателите оставија коментари како „Таа сè уште го има тоа нешто“ и „Икона“. Еден корисник напиша: „Жената има 52 години и сè уште е супер“.
Од друга страна, многумина го нарекоа изданието „вулгарно“ и несоодветно. „Невкусно тогаш, невкусно сега“, напиша еден, додека други се согласија: „Изгледа како да имала несреќа со облеката“ и „Не сум обожавател на изгледот со видливи танги“.
Оригиналниот дизајн од 1997 година содржеше танга со култното лого на Гучи со двојно G, додека новата верзија е поминималистичка. Трендот со видливи танги, познат и како „whale tail“ (кога работ на тангата ѕирка над половината на панталоните или здолништето), беше исклучително популарен кон крајот на 90-тите и почетокот на 2000-тите, а го носеа ѕвезди како Парис Хилтон и Бритни Спирс. Во последниве години, се врати на модната сцена и е виден кај познати личности како Хајли Бибер и Ким Кардашијан.
View this post on Instagram