ФУНКЦИОНЕРСКИТЕ ПЛАТИ ЌЕ ПОРАСНАТ ОД 300 ДО 500 ЕВРА Претседателот и премиерот ќе земаат по околу 3.000, а пратениците над 2.000 евра

Со новото зголемување на просечната плата ќе растат месечните надоместоци на министрите, судиите, обвинителите, градоначалниците или вкупно 1.060 функционери.

1,392

Ново покачување на функционерските плати. Ова зголемување ќе биде во зависност од позицијата а се работи за средства од 300 до 500 евра.

Со новото пресметување, претседателот на државата ќе зема околу 3 илјади евра плата, слична сума ќе има и премиерот, додека пратениците над 2 илјади евра.






Ваквото зголемување ќе биде редовно секоја година бидејќи Уставниот суд ја укина фиксната основица, па сега, како расте просечната плата, така ќе растат и платите на министрите, судиите, обвинителите, градоначалниците, односно на вкупно 1.060 функционери.

Инаку, вакво зголемување пристига и откако лани платите само на функционерите пораснаа за неверојатни 78%.

Поврзани содржини