„ФУГАКУ“ Е НАЈБРЗИОТ СУПЕРКОМПЈУТЕР ВО СВЕТОТ Ги предвидува времето и ковид-пандемијата (ВИДЕО)
„Фугаку“ се користи за повеќе од 100 истражувања, вклучително и за пандемијата, за развојот на вештачката интелигенција и за временска прогноза. Носи едно од имињата на планината Фуџи, која им е света на Јапонците.
Јапонскиот суперкомпјутер „Фугаку“ е најбрзиот суперкомпјутер во светот откако го зазеде првото место на меѓународниот проект „Топ 500“, објави телевизијата НХК. Извршува повеќе од 442 квадрилиони пресметки во секунда, што е трипати побрзо од суперкомпјутерот „Самит“ во Националната лабораторија на САД во Оук Риџ, Тенеси, којшто е на второто место.
„Фугаку“ се користи за повеќе од 100 истражувања, вклучително и за пандемијата, за развојот на вештачката интелигенција и за временска прогноза. Носи едно од имињата на планината Фуџи, која им е света на Јапонците.
„Фугаку“ првпат беше признаен како најбрз во светот во јуни 2020 година. Со полн капацитет, тој беше лансиран во март оваа година во компјутерскиот центар на Јапонскиот државен институт за природни науки во Кобе. Создаден е од корпорацијата „Фуџицу“ заедно со стручњаците на Институтот, јавува МИА.
На третото место на списокот е уште еден американски суперкомпјутер – „Сиера“.