Фудбалските федерации на Македонија и Турција ja продлабочуваат соработката

За нас е исклучително значајно да имаме партнер во Турската фудбалска Федерација и верувам дека нашата идна соработка ќе биде на многу повисоко ниво со конкретни проекти - посочи Сејдини.

348

Продлабочување на соработката преку реализација на конкретни проекти, иницираа раководствата на македонската и на турската фудбалска федерација денеска во Скопје, стои во соопштението од ФФМ.

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Муамед Сејдини на средбата со првиот човек на Турската фудбалска асоцијација (ТФФ) Нихат Оздемир и неговиот заменик и член на Извршниот комитет на УЕФА Сервет Јардинџи, како што е соопштено, ја истакнал важноста од тесни партнерски односи со ТФФ.






– Турската фудбалска Федерација е една од најголемите во Европа. За разлика од нив, ние сме мала федерација, но сме земја која се стреми кон големи работи и делиме подеднаква страст за фудбалот. За нас е исклучително значајно да имаме партнер во Турската фудбалска Федерација и верувам дека нашата идна соработка ќе биде на многу повисоко ниво со конкретни проекти – посочи Сејдини на средбата со раководството на ТФФ.

Во разговорите, како што соопшти ФФМ, „Оздемир и Јардинџи посакаа успешна и плодна работа на претстојното Редовно изборно собрание на ФФМ и успех на македонската репрезентација на претстојното Европско првенство“.

Поврзани содржини