Фудбалерот „чудо од дете“ на Ајакс загина во сообраќајка

1,347

Холандската јавност рано утрово ја потресе голема трагедија, откако 16-годишниот фудбалер на Ајакс, Ноа Гесер, го загуби животот во страшна сообраќајна несреќа во близина на Утрехт.

Гесер важеше за ново „чудо од дете“ на Ајакс, во новата сезона требаше да настапува за младинскиот тим на холандскиот гигант, а за максимум две години беше предвидено да биде прекомандуван и во првата екипа.






Страшната несреќа се случила откако возилото во кое се наоѓал фудбалерот минало во спротивна насока и директно се судрило со такси-комбе.

Поврзани содржини