Фудбалерите подготвени за новата мисија – Светско првенство (ФОТО)

Македонија првиот меч ќе го одигра против Романија во четврток на гостински терен, а во недела во Скопје играме против Лихтенштајн. Овој мини циклус од три меча го завршуваме на 31 март на гостински терен против селекцијата на Германија.

336

По викенд обврските кон нивните клубови, репрезентативците на Македонија полека пристигнуваат во Скопје. Веднаш „паднаа“ прегратки, емоции, што е доволен доказ дека во нашата селекција засега има фантастична атмосфера.

Со овој собир почнува мисијата Светско првенство. Македонија првиот меч ќе го одигра против Романија во четврток на гостински терен, а во недела во Скопје играме против Лихтенштајн. Овој мини циклус од три меча го завршуваме на 31 март на гостински терен против селекцијата на Германија.






Како што е познато, Тричковски поради повреда отпадна, Адеми против Романија нема да игра исто така поради повреда, а за Лихтенштајн е под знак прашалник. Зајков и Костадинов се позитивни на ковид-19.

Поврзани содржини