Фудбалерите на Тотенхем се сместија во скопски Хилтон

Утре во арена „Тодор Проески“ ќе се одигра натпреварот од Лига Европа меѓу Тотенхем и Шкендија.

1,296

Фудбалерите на Тотенхем притигна во Скопје и се сместени во хотелот „Хилтон“ во кој ќе останат до утрешниот натпервар со Шкрендија.

Според протоколите поради пандемијата со коронавирусот играчите и стручниот штаб немаа контакт со никого и нема да одржат тренинг пред утрешниот меч со Шкендија во арена „Тодор Проески“.






Tимот утре директно од хотелот ќе дојде на стадион и веднаш потоа си заминува за Лондон. Тие имаат и полициска придружба за време на целиот престој.

Мечот од  третиот квалификациски круг е закажан за 20 часот.

Поврзани содржини