ФУДБАЛЕР НА ФК СТРУГА ИСТЕПАН ВО ТЕТОВО Го начекале пред стадионот и го нападнале

Според пријавеното, откако М.Р. излегол од стадионот го забележал Д.Д., со кого се познавале од порано, а кој го повикал во возилото во кое бил и И.А., по што физички го нападнале.

237

Вчера во 18:40 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Д.Д.(34) од Прилеп и И.А.(37) од Битола, инфорамираше Министерството за внатрешни работи (МВР).

Тие биле пријавени од фудбалерот на ФК Струга Трим Лум, М.Р.(30) од Прилеп дека околу 18.00 часот кај Градскиот стадион во Тетово, по завршување на фудбалскиот натпревар помеѓу Ф.К. Шкендија и Ф.К. Струга Трим Лум, физички го нападнале во возило со прилепски регистарски ознаки.






Според пријавеното, откако М.Р. излегол од стадионот го забележал Д.Д., со кого се познавале од порано, а кој го повикал во возилото во кое бил и И.А., по што физички го нападнале.

Тие се задржани во полициска станица и по документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави, велат од СВР Тетово.

Поврзани содржини