📽️ „FUCK YOU ALL“ ИЛИ „THANK YOU ALL“? Гестот на Мира Андреева што го одекна низ тенисот
По убедливата победа над Марија Сакари, кратка реакција на 18-годишната тенисерка стана вирална и отвори жестока дебата меѓу навивачите.
Руската тенисерка Мира Андреева не престанува да привлекува внимание на Австралија опен, но овојпат не само поради резултатите. По победата над Гркинката Марија Сакари со 6-0 и 6-4 во второто коло, еден момент по последниот поен ја подели тениската јавност.
По завршувањето на мечот, 18-годишната Андреева аплаудираше и мавташе кон трибините, а камерите го уловија моментот кога, според дел од фановите, од нејзините усни се чита пцовката „fuck you all“. Други, пак, тврдат дека таа едноставно рекла „thank you all“, но видеото за кратко време стана вирално и предизвика лавина реакции на социјалните мрежи.
Контекстот дополнително ја вжешти приказната. Сакари имаше силна поддршка од грчките навивачи, што не е изненадување со оглед на бројната грчка заедница во Мелбурн. Атмосферата во текот на мечот беше гласна и напната, а тоа го потврди и самата Андреева по натпреварот.
– Беа навистина гласни и многу ја бодреа Марија. Кога освои неколку гемови по ред, атмосферата уште повеќе се разгоре – изјави младата тенисерка, што кај дел од фановите ја зајакна тезата дека контроверзната реплика била реакција на трибините.
Што ѝ да кажала во тој момент, Андреева продолжува со одличните настапи во Мелбурн. Осмата носителка во следното коло ќе се соочи со Елена-Габриела Русе, а зад себе веќе има импресивни резултати – осминафинале на Австралија опен во 2024 и 2025 година, полуфинале на Ролан Гарос во 2024 и олимписко сребро во женски двојки во Париз.
Did she say what I’m thinking she said???? 😭😭 pic.twitter.com/qH9hxmE0VX
— Lorena Popa 🕵️♀️🎾 (@popalorena) January 21, 2026