ФРОНТОТ НА АХМЕТИ Е АНТИЕВРОПСКИ Муцунски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ со конкретни реформи ќе го предводи вистинскиот европски фронт
Во однос на тоа дали ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува во работните групи за уставните амандмани, Муцунски потенцираше дека одговорот на партија е јасен и дециден, и во таков процес нема да учествуваат.
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски во гостување во „Емисија 200″ на Алсат запрашан за тоа дали до ВМРО-ДПМНЕ стигнала покана за „Фронтот за Европа” за кој повикува Али Ахмети, одговори дека таква покана не стигнала, а и да стигне ќе мора да биде одбиена бидејќи фронтот кој што го води Ахмети поддржан од Ковачевски е антиевропскиот фронт во Македонија кој ја остави државата без учебници, лекови и реформи и фронт кој носи регрес во општеството.
– Таква покана не сме добиле, а и веројатно и да добиеме ќе мораме да дадеме негативен одговор, бидејќи фронтот кој што го предводи господинот Ахмети, а чиј најлојален поддржувач е господинот Ковачевски е антиевропскиот фронт во Македонија. Фронт кој што ја остави државата без учебници, без лекови, без капитални инвестиции, без сериозни реформи во делот на правосудството, без никаков економски план во овие кризни времиња и е фронт кој што носи регрес во општеството и фронт против кој сите треба да се бориме – истакна Муцунски.
Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија е подготвена да го води вистинскиот европски фронт кој што се базира на политики кои предвидуваат квалитетни мерки за граѓаните и стопанството, реформирање на образованието и напредок во здравството.
– Ние како политичка партија сме подготвени да го водиме вистинскиот, не лицемерниот европски фронт кој што се базира врз политика кој што ќе предвиди економска предвидливост, даночна предвидливост за нашите компании, квалитетни мерки за нашите граѓани и за малите претприемачи, кој што ќе го реформира образовниот систем, кој што ќе донесе напредок во здравството. Тоа е европскиот фронт. Бидејќи Европа е повеќе од хартија и од демагогија дека ние застапуваме одредени вредности. Европа е реформа на дело и таквиот фронт ние како политички субјект да сме подготвени да го предводиме, а за ова СДСМ и за ова ДУИ тешко дека ќе се најде место во него – додаде Муцински.
Тој исто така истакна дека според сите анкети на јавното мислење станува очигледно дека ВМРО-ДПМНЕ ќе биде победник на следните парламентарни избори и новото мнозинство ќе биде формирано врз основа на принципи и програма реформи на сите суштински прашања и борба против корупцијата.
– ВМРО-ДПМНЕ е политички субјект кој што според сите анкети на јавното мислење веќе станува ноторно и очигледно дека ќе победи на следните парламентарни избори. Потоа ќе влеземе во процес на формирање на влада каде што мандатар ќе биде претседателот Мицкоски, а начинот, а начинот на кој што ќе биде формирано новото мнозинство е врз основа на принципи и врз основа на програма, односно борба против корупцијата и реформа на сите суштински прашања коишто се од витално значење за напредокот на Република Македонија – потенцираше Муцунски.
Во однос на тоа дали ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува во работните групи за уставните амандмани, Муцунски потенцираше дека одговорот на партија е јасен и дециден, и во таков процес нема да учествуваат.
– Нашиот одговор е дециден. Во таков процес ние нема да учествуваме. Што се однесува до решавање на тој проблем кој што ние го имавме со нашиот сосед Бугарија, уште пред да се дојде до ова решение ние понудивме да бидеме дел од процесот, експертски да влеземе, да помогнеме, да и помогнеме на нашата држава, да создадеме консензус. Но, сега кога се најде решение, без наша консултација, и да се очекува дека ние ќе го преземе товар за одговорноста, притоа и самиот овој чекор не дава никаква предвидливост од гледна точка на тоа каков ќе биде европскиот пат на Македонија, е несериозно – рече Муцунски.
Според Муцунски, Македонија се соочува со голем предизвик во однос на надворешна политика, истакнувајќи дека ниту Бугарија не очекувала владата да е волку попустлива, укажувајќи дека треба државата да се консолидира внатрешно, а потоа и надворешно да се создаде план и методологија кои ќе значат вадење на Македонија од овој ќорсокак.
– Ние пред нас како држава имаме многу сериозен предизвик. Веројатно најголемиот предизвик е што и самата Бугарија не веруваше дека тоа што ќе и биде отстапено од Македонија последните 5, 6 години дека се случува. Значи и самите тие верувале до кој степен е попустлива нашата надворешна политика. И затоа што треба ние да направиме, да се солидираме внатрешно, да работиме на реформите кои што ни се потребни, да се избориме со криминал и корупција, проблеми во здравство, проблеми во образование, а во делот на надворешната политика да создадеме методологија и план како да ја извадиме Македонија од овој ќорсокак и како да носиме одлуки кои што ќе даваат предвидливост во следните 10 години – вели Муцунски.
Потпретседателот Муцунски го повтори планот на ВМРО-ДПМНЕ во три точки.
– Ние имаме план којшто е составен од 3 точки. Национални политички и економски, но тоа што мораме прво да го направиме, за разлика од оваа недемократски избрана влада, е да ги консултираме граѓаните, да излеземе на избори и да ја дадеме нашата понуда. Меѓу другото една од темите на следните парламентарни избори ќе биде и европската перспектива на нашата држава. Сите пред граѓаните да го презентираме тој план и понатаму преку една добра дипломатска офанзива, кога ќе ја преземеме одговорноста да управуваме со Македонија, да работиме на реализација на тој план. По мене многу помалку е Бугарија релевантна во реализацијата на тој план, многу повеќе другите земји членки, многу повеќе институциите во Брисел, секако не дека и Бугарија не “stakeholder”, но мораме да работиме и на убедување на дел од земјите членки кои и покрај овој предизвик имаат сериозни резерви кон процесот на проширување пред се заради првата точка која што дискутиравме. И сега, не може едното без другото да се гледа. Не може да се каже дека Македонија да го промени Уставот веднаш станува земја членка на ЕУ. Не, далеку сме од тој процес – посочи Муцунски.