ФРЛИЛ КУЧЕ ОД МОСТ ВО РЕКА Момче од скопско Шишево заврши во полициска станица

Во службен разговор признал дека го сторил делото, односно дека во текот на летото фрлил куче од мост во река и потоа објавил фотографии на социјалните мрежи.

819

Полициски службеници вчера на Граничниот премин Табановце го лишиле од слобода О.К.(18) од село Шишево, општина Сарај, затоа што при пасошка контрола било констатирано дека за него бил распишан централен распис од ЕВР Ѓорче Петров поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „мачење животни“ по член 233 од Кривичниот законик.

Ккао што соопшти МВР, тој бил спроведен во ЕВР Ѓорче Петров и во службен разговор признал дека го сторил делото, односно дека во текот на летото фрлил куче од мост во река и потоа објавил фотографии на социјалните мрежи.






По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. 

Поврзани содржини