ФРИЖИДЕРИТЕ НА НАРОДОТ СЕ ПРАЗНИ ЏЕБОВИТЕ НА ВЛАСТА ПРЕПОЛНИ Мицкоски за крпениот живот на митинг во Каменица ВИДЕО

Им дадоа скапи реклами, ама фрижидерот кај народот празен.Тоа што инфлацијата го јаде семеејниот буџет, додека џебовите на обичниот народ се празнат, џебовите на власта, на таа тесна клика која се добрала до власт, постојано се полнат, рече Мицкоски.

531

На овие избори не верувајте на тие кои постојано ви ветуваат работи за кои знаете дека неколку пати до сега ве изневериле, најдобро е да си верувате себеси и да донесете одлука која е значи промени, давање на шанса да изградиме една поинаква и нова заедничка иднина, рече Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашниот митинг во Македонска Каменица.

И на почетокот, додаде тој, сакам да ви пренесам една порака која ја видов вчера на социјалните мрежи, а која крие во себе длабока вистина, која најдобро ја отсликува хипокризијата на моменталната пропаганда на власта, за тоа колку отсутно делува нивното фалење по медиумите за работите кои не се решение за проблемите на граѓаните.






– Испечатиле СДСМ некаков флаер со пораки: НАТО – Попис – Честитки народе, итн. демек завршена работа. Ама досетливиот народ ја раскажал голата вистина на социјалните мрежи. Па таа порака од власта чија намена е да се пофалат ја гледаме фотографирана во фрижидер, арно ама фрижидерот празен. И морам да кажам убав флаер, ама какво фајде од такви фалби ако фрижидерот е празен. Не го говорам ова за да релативизирам тоа што сме членка на НАТО, но тоа што фрижидерите на народот им се празни е главната болка која сите нас не тишти. Им дадоа скапи реклами, ама фрижидерот кај народот празен. Тоа што инфлацијата го јаде семеејниот буџет, додека џебовите на обичниот народ се празнат, џебовите на власта, на таа тесна клика која се добрала до власт постојано се полнат – кажа Мицкоски.

Според него „тие гледаат да профитираат и на туѓата несреќа“.

– Додека народот пати, додека народот живее крпен живот, тие не престануваат да крадат. Се сеќавате кога беше полниот ек на корона кризата, и кога немаше вакцини, стотици луѓе умираа дневно, од власта токмеа провизии при набавка на кинеските вакцини некоку пати поскапи од сите други – рече Мицкоски.

Поврзани содржини