ФРИЗЕРНИЦА ВО ВРЕМЕ НА ЗАЕВ СЕ ОФАЈДИЛА СО 270.000 ЕВРА ОД ЕРАЗМУС Берберот бил партиски активист на СДСМ, обвини ВМРО-ДПМНЕ
Фризерското студио со две столчиња, добива неколку години по неколку грантови од Еразмус +, односно Заев и Димова, вредни вкупно над 270.000 евра, обвини Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.
Фризерница во време на Зоран Заев, добива проекти за медиумска писменост преку Еразмус +, вредни над 270.000 евра, обвини Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.
– Продолжуваме и денес со сомнителните проекти од Еразмус +, да потсетиме дека Заев и Димова, доделија неколку грантови вредни над 270.000 евра за медиумска писменост, на фризерско студио, во период од 3 години. Фризерското студио со две столчиња, добива неколку години по неколку грантови од Еразмус +, односно Заев и Димова, вредни вкупно над 270.000 евра. Секако, погодувате и за овој проект, сопственикот на фризерницата е близок пријател токму на Лидија Димова, односно поранешен граѓански и партиски активист на СДСМ – рече Манасиевски.
Ниту имаше, ниту моментално има одговорност за сомнителните случаи, каде што лица блиски до СДСМ, или пак членови на партијата, судии, професори, се наполнија со проекти вредни стотици илјади евра.
– Во СДСМ владее паника и страв дека на виделина излегува вистината за нивното криминално и коруптивно владеење во Агенцијата Еразмус+. Нивните судии и обвинители треба малку да се позанимаваат со овие работи. Одговорност мора да има – вели Мннасиевски.