Француско радио ги прогласи за починати Елизабета Втора, Пеле и други познати личности
„Технички проблем доведе до објавување на голем број некролози на нашата веб-страница. Ние направивме напори да го решиме проблемот со извинување до засегнатите личности и нашите слушатели“, се наведува во соопштението на француското радио.
Раководството на Радио Франс Интернешнал (РФИ) се извини за грешката во која беа објавени некролози на голем број познати светски личности кои се уште се живи и здрави.
Меѓу нив се наоѓаа имињата на фудбалската легенда Пеле, британската кралица Елизабета Втора, глумицата Брижит Бардо и други. Според радиостаницата, станува збор за „технички проблем“.
„Технички проблем доведе до објавување на голем број некролози на нашата веб-страница. Ние направивме напори да го решиме проблемот со извинување до засегнатите личности и нашите слушатели“, се наведува во соопштението на француското радио.
Грешката предизвика бурни реакции – од збунетост до остро исмевање. Меѓу „погребаните“ беа и иранскиот врховен лидер Али Хамнеи, поранешниот американски претседател Џими Картер, кубанскиот лидер Раул Кастро, но и познати филмски имиња, како што се Клинт Иствуд, Софија Лорен и Жан-Пол Белмондо.