ФРАНЦУСКИОТ ПРЕДЛОГ В ЧЕТВРТОК ПРЕД ПРАТЕНИЦИТЕ Урсула фон дер Лајен ќе се обрати пред почетокот на седницата
Од Кабинетот на претседателот на Собранието сѐ уште немаат излезено со официјална информација за седницата.
Пратениците денеска преку СМС порака биле информирани дека седницата на чиј дневен ред ќе биде Информацијата за содржината на предлог-преговарачката рамка ќе се одржи во четврток во 13 часот, а тогаш треба да се обрати и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
Ова го потврдија за МИА извори од Собранието.
Од Кабинетот на претседателот на Собранието сѐ уште немаат излезено со официјална информација за седницата.
Владата според барањата од вчерашната координација во Собранието, попладнево достави до Собранието дополнување на Информацијата за содржината на Предлог-преговарачката рамка за пристапните преговори на Република Северна Македонија со Европската Унија, предложена од страна на Претседателството на Франција на 30 јуни 2022 година, соопшти собраниската прес-служба.
Документите, како што посочуваат од Собрание, се доставени до сите пратеници.