Француски професор тврди дека ковид-19 ќе исчезне за неколку недели
Причините за ненадејно исчезнување на пандемијата се чудни и вообичаени кај најголемиот број вирални респираторни болести. Тоа е прилично банално - објаснил Раулт.
Можно е епидемијата со коронавирусот да исчезне во текот на пролетта, па за неколку недели воопшто да нема нови заразени случаи во светот. Ваква порака во вторникот испратил познатиот француски продесор Дидие Раулт, кој е познат во светот по својот третман на антималарискиот лек хирдоксихлорокин во комбинација со антибиотикот азитромицин.
Kовид-19 ќе си замине порано од очекуваното.
Тој истакнал дека ковид-19 ќе си замине порано од очекуваното.
– Причините за ненадејно исчезнување на пандемијата се чудни и вообичаени кај најголемиот број вирални респираторни болести. Тоа е прилично банално – објаснил Раулт.
Токму оваа негова изјава го изненади целиот свет кој се бори со тивкиот непријател.
– За нас, епидемијата прогресивно исчезнува – рекол Раулт, и додал дека во неговата Медитеранска инфективна клиника во Марсеј претходно имало по 360 нови заразени од ковид-19, а дека денеска таа бројка изнесува од 60 до 80.
Тој го окарактеризирал тоа како значајно намалување на бројот на детектирани случаи, а како уште позначаен податок го навел и бројот на луѓето кои се тестираат и кои претставуваат асимптоматски случаи.