Француската полиција се судри со 2.500 учесници на рејв-забава, тие им го запалиле комбето (ВИДЕО)
Илегалната журка се одржала во мал град јужно од Рен во провинцијата Бретања, како што објави „Гардијан“.
Синоќа во празен магацин на северозападот на Франција била организирана незаконска забава, на која присуствувале околу 2.500 луѓе.
Собраните се судрија со полицајците кога се обидоа да ги растераат, но без успех,.
Илегалната журка се одржала во мал град јужно од Рен во провинцијата Бретања, како што објави „Гардијан“. Посетителите се судриле со полицијата, која се обидела да ја растури забавата, а многумина од нив денеска се во притвор, откако околу нив бил поставен санитарен кордон.
Локалната полиција се обидела да го спречи инцидентот, но се соочиле со силен отпор од учесниците, кои запалиле еден од нивните автомобили и фрлале шишиња и камења, се вели во соопштението. Меѓу насобраните имало луѓе кои доаѓале од различни делови на Франција, па дури и од странство.
Ваквите масовни собири се забранети во Франција, каде во моментов е во сила полицискиот час од осум часот навечер, а оваа мерка не е ублажена ниту за дочекот на Новата година.
Обвинителството започнало истрага за незаконското организирање на настанот и насилство врз полицајците.
Припадници на безбедносните сили разбија нелегална забава и во Марсеј, на која присуствувале околу 300 лица. По тој повод, полицијата казнила повеќе од 150 лица и уапсила тројца осомничени за организирање на забавата.
Францускиот министер за внатрешни работи Жерар Дарманин изјави дека за новогодишната ноќ биле ангажирани 132.000 полицајци низ целата земја да се грижат за безбедноста на граѓаните за да се почитува ноќниот полициски час.