Франција ветува 7,6 милијарди евра за подобро да се плати болничкиот персонал

Претседателот Емануел Макрон во март вети план за инвестирање во болниците и подобри плати за здравствените работници по завршувањето на пандемијата.

230

Француската влада и медицинските синдикати го одобрија планот за зголемување на платата на персоналот во болниците, откако здравствените работници беа поздравени како херои за време на пандемијата на коронавирусот.

„Историскиот“ договор ќе вклучува дополнителни 7,6 милијарди евра годишно, изјави министерот за здравство Оливие Веран. Околу 1,5 милиони работници се очекува да добијат нето пораст од 183 евра месечно и обемот на платите за некои групи, како медицински сестри и медицински асистенти, ќе биде ревидиран, рече тој.






Претседателот Емануел Макрон во март вети план за инвестирање во болниците и подобри плати за здравствените работници по завршувањето на пандемијата. Многу оддели за итни случаи со месеци штрајкуваа, жалејќи се на лошата опрема, ниската плата за некои работници и недостатокот на финансиски средства.

Групата што стои зад штрајкот во одделите за итни случаи веќе го отфрли договорот како несоодветен и повика утре на протест во Париз, на националниот празник на Франција.

Поврзани содржини