ФРАНЦИЈА СЕ ОТКАЖА ОД АПЧЕТО ПРОТИВ КОРОНАВИРУС НА МЕРК Eве зошто властите се премислија

Франција беше прва од европските земји да го нарача лекарството на Мерк, но се премисли откако компанијата кон крајот на ноември годинава ги објави резултатите од неговата ефективност.

523

Лекот на „Мерк“ против коронавирусот може да ја намали смртноста и тешкиот ковид до 30 отсто кај лицата кои се со висок ризик, а ова не е доволно за француската влада да го набави апчето, јавува МИА. Франција ја откажа својата нарачка за лекот, а наместо тоа ќе го набавува апчето на „Фајзер“, најави министерот за здравство Оливие Веран.

Франција беше прва од европските земји да го нарача лекарството на „Мерк“, но се премисли откако компанијата кон крајот на ноември годинава ги објави резултатите од неговата ефективност.

Поврзани содржини